Антониа Гутереш / Фото: МИА

Гутереш: Ризикот од нуклеарен конфликт се врати по децениско отсуство

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ризикот од нуклеарна конфронтација се вратил по децениското отсуство, и ги повика земјите со нуклеарно оружје да се заложат дека нема да бидат први што ќе го користат.

„Секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен”, предупреди Гутереш, мислејќи на новото гранатирање на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа.

„Се надевам дека тие напади ќе престанат. Во исто време, се надевам дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата”, додаде генералниот секретар на ОН.

Гутереш тоа го изјави на прес-конференција во Токио, откако присуствуваше на комеморативната церемонија во саботата по повод 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот