Магла на пат / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Густа магла вечерва има во Штип, на Страцин и на патот Тетово-Попова Шапка

Намалена видливост поради магла до 100 метри вечерва има во Штип, Страцин и на патниот правец Тетово – село Гајре, информира ЈП „Македонијапат“.

Според јавното претпријатие, кое наведува дека негови екипи се постојано на терен, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработува за навремено справување со снежните наноси.

-Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот, наведува ЈП „Македонијапат“ во своето вечерашно соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот