Ѓуриќ: Хоти не може да побегне од создавање на Заедница на српски општини

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, денеска изјави дека косовскиот премиер Авдулах Хоти не може да избега од создавање на Заедница на српски општини (ЗСО) и додаде дека ова прашање ќе биде затворено кога ќе се формира ЗСО.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Ѓуриќ кој е член на српската преговарачка делегација во бриселскиот дијалог, со ова реагираше на изјавата на Хоти дека продолжението на дијалогот во Брисел, планиран за денеска е откажан „затоа што Србија инсистира на договор за Заедницата на општини со српско мнозинство”, повторувајќи дека Приштина смета дека ова прашање е затворено.

-Хоти може да ја лаже јавноста колку што сака, но нема да бега од создавањето на СЗО. На состаноците во Брисел тој „пее” друга песна и не само што ветува дека ќе овозможи формирање на СЗО, туку гарантира и дополнителни овластувања за тоа, изјави Ѓуриќ.

Според Ѓуриќ, Хоти е должен да и објасни на албанската јавност во Косово дека учествува во процес на нормализирање на односите, а не во „дијалогот за меѓусебно признавање” и дека за нормализирање на односите, страните во дијалогот мора да покажат што е можно повеќе кредибилитет.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти кажа денеска дека “што се однесува до состаноците во Брисел, знаете дека на почетокот на мандатот донесовме важни одлуки за влез во процесот на дијалог. Што се однесува до Заедницата, ја знаете нашата позиција,таа тема не е отворена, бидејќи беше склучена со потпишување на договор во 2013 година и ратификувана во Собранието на Косово. Значи, како таква, за Заедницата не се разговара, а постојат и други теми за дискусија, изјави Хоти на прес-конференцијата по денешната владина седница во Приштина. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот