Група „Стринг форсис“: Албуми снимени во живо ќе бидат достапни за публиката

Актуелната состојба во културата, особено во областа на музиката, интензивираше процеси со кои музичките албуми стануваат подостапни до слушателите преку дигиталните медиуми. Групата „Стринг форсис“, која има голем багаж со настапи во живо, почна да ги објавува снимените концерти на својот профил на бендкамп.

Достапни за слободно преземање се снимките од настапите на повеќе различни локации, како „Станица 26“, во емисијата „Ако никој не свири“ на Канал 103, анплаг-концертот во студиото на МРТВ, а од групата велат дека ќе има уште. Мото на нивната дигитална акција е „Архивата е важна“.

Групата постои од 1995 година. Со извесни варијации во составот и повремени паузи во работата, но и извонредна музика „Стринг форсис“ има посебно место на македонската музичка сцена. На повеќето од живите настапи групата беше во состав: Александра Мангаровска-Милиќевиќ (вокал), Александар Стојанов-Зорин (вокал), Александра Кузман (виолина), Дамјан Темков (клавир), Благојче Пенов (тапани) и Дориан Јовановиќ (стик, бас и електроника).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот