Груевски куртули од „Тенк“ и „Траекторија“: Еве за кои дела уште се гони

Кривичниот суд денеска донесе решение со кое се запира постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава, каде буџетот на државата беше оштетен за 155 милиони евра

После ова решение, Кривичен ќе треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.

Адвокат на Груевски кој беше поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото, поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание.

За потсетување, во случајот „Траекторија“ осомничени се 4 лица кои во втората половина на 2012 и 2013 непочитувајќи ги одредбите до Законот за јавни набавки склучиле договор со преферирана фирма, иако имало понудувач со поевтина цена за изградба на автопатот Миладиновци – Штип. Првоосомничено лице во случајот е Никола Груевски, а буџетот бил оштетен за 155 милиони евра.

При процедурата за избор не биле почитувани правилата за спроведување тендер. Осомничените во постапката за барање најдобар изведувач, спротивно на правилата за јавни набавки и спротивно на условите на кинеската влада и кинеската Ексим банка, избрале изведувач што имал поскапа понуда од втората компанија што конкурирала на тендерот.

Во јануари 2013 година, високите владини службеници, иако биле доставени две понуди, разгледувале и одлучиле само за една. Понудата на компанијата која доставила пониска понуда била скриена, по што бил склучен договор само со компанијата која имала повисока понуда.

Со ваквите дејствија во случајот имаше основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од Кривичниот законик на Република Македонија.

Груевски засега правосилно е осуден во случајот „Тенк“ на две години затвор за кривично дело примање награда за противзаконито влијание, но казната не ја отслужува бидејќи побегна во Будимпешта. Тој е обвинет и во „Титаник“ е за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право, во „ТНТ“ е обвинет за кривичното дело злоупотреба на службената положба, во случајот за „Насилство во Центар“ е обвинет за кривичното дело насилство, додека во „Талир“ е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот