Грозданова: Теренска вакцинација против ковид-19 и за жителите во руралните средини и во старечките домови

Фото: mia.mk

Во Националниот план за имунизација против ковид-19 е предвидена т.н. теренска вакцинација во чија основа се руралните средини и домовите за стари лица, со цел здравствената услуга да се доближи до граѓаните, изјави претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова во вечерашното гостување на „Топ тема” на ТВ Телма.

– Неслучајно ја избравме постоечката мрежа за имунизација, затоа што видовме дека кај редовната вакцинација, вака поставената инфраструктура, функционира. Ние и тековно имаме т.н. теренска вакцинација, не само во руралните места туку и во старечките домови, каде што услугата треба да се доближи до пациентот. Овие лица, кои влегуваат во ризичната популација, односно во приоритетната група, која ќе биде опфатена, ќе бидат контактирани, изјави Грозданова, која рече дека очекува во оваа активност да се вклучат и матичните лекари.

Таа потенцира дека со националниот план е предвидено вакцинацијата против ковид-19 да биде достапна до сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот