Грција ќе ги забрани електричните тротинети за помлади од 18 години
Грција подготвува нов закон со кој драстично ќе се регулира сообраќајот на електричните тротинети, а најзначајната промена е целосната забрана за нивно користење од страна на лица помлади од 18 години, пренесува „Катимерини“.
Препорачано
Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, најави дека овие возила веќе нема да бидат достапни за малолетници, со цел да се подигне нивото на безбедност на патиштата и тротоарите.
Покрај старосната граница, новиот закон предвидува и задолжително осигурување од граѓанска одговорност за сите корисници, вклучително и за оние кои изнајмуваат тротинети преку апликации. Оваа мерка е воведена за да се осигура надомест на штета во случај на сообраќајни несреќи или повреди на пешаци. Дополнително, Владата планира да го ограничи хаотичното паркирање на тротоарите и да го намали бројот на дозволи за компаниите што изнајмуваат тротинети, истовремено воведувајќи високи казни за увоз на возила кои ја надминуваат дозволената брзина.
Финска забрани деца до 15 години да возат електрични тротинети
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
24мин
-
51мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


