Грчко МНР: Економијата, енергетиката и ЕУ перспективата во фокусот на средбите на Франкојанис во Скопје

Костас Франкојанис
Костас Франкојанис и премиерот Димитар Ковачевски / Фото: МИА

Зајакнувањето на билатералните економски односи со акцентот на енергетскиот сектор и европската перспектива на Западен Балкан, биле во фокусот на разговорите на заменик- министерот за надворешни работи на Грција надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, со владини претставници од Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик шефот на грчката дипломатија вчера и завчера беше во дводневната работна посета на нашата земја и се сретна со заменик- министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, со заменик-претседателот на Владата надлежен за европски прашања Бојан Маричиќ, со заменик-претседателот на Владата надлежен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министрите за економија и финансии  Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, а беше примен и од премиерот Димитар Ковачевски.

За средбата со премиерот, од грчкото МНР соопштија дека Франкојанис му посакал успех во работата и „ја пренел поддршката на Грција за пристапните процес на Северна Македонија, а во исто време ја нагласил потребата за имплементација на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија”.

Истата порака, Франкојанис ја повторил и на средбите со Исаки и Маричиќ, паралелно изразувајќи ја „подготвеноста на грчката влада да понуди секаков вид поддршка на пристапните напори на Северна Македонија, како и техничко знаење за спроведување на потребните реформи.

Во однос на економскиот дел, според Министерството за надворешни работи на Грција, на средбите со Битиќи, Бесими и Бектеши се разгледале „аспектите на позитивната агенда во билатералните односи меѓу Грција и Северна Македонија, како и перспективата за проширување на економските и трговските врски меѓу двете земји”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот