Фото: Принтскрин

Грчките земјоделци пак блокираат со трактори на „Евзони“ – можеби ќе протестираат и за празниците, поставија новогодишни елки надвор

Земјоделците од северна Грција, кои веќе четири дена со трактори стојат на грчката страна од преминот „Евзони“ (Богородица), денеска повторно ја блокираа границата и го прекинаа сообраќајот кон и од Македонија, објави „Катимерини“.

Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, а непознато е колку време ќе трае блокадата, со оглед на тоа што, како и во изминатите денови, беше ненајавена.

Повторно блокиран граничниот премин „Евзони“

Грчките земјоделци традиционално не ги најавуваат своите блокади – тракторите остануваат паркирани на премините, а на дневни состаноци одлучуваат кога и колку долго ќе го прекинуваат сообраќајот. Истата практика продолжува и сега: покрај „Евзони“, привремени блокади денеска имаше и на преминот „Ники“ кај Лерин, како и на „Промахонас“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција, каде што не се пропуштаат камиони.

На повеќе локации земјоделците дури поставија новогодишни елки, симболична порака дека се спремни да протестираат и за празниците.

Протестите почнаа во неделата и се најавува нивно постепено засилување до 5 декември, без најава кога би можеле да завршат.

ВИДЕО: Трактори ја парализираат цела Грција – полицијата со солзавец против разгневените земјоделци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот