Грчките пожарникари денеска очекуваат пожарот близу Атина да биде ставен под контрола

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU
Грчките пожарникари кои и натаму се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, денеска рекоа дека се надеваат дека огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови.
„Ситуацијата е подобра и се надеваме дека пожарот ќе биде ставен под контрола во наредните часови”, соопшти противпожарната служба.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис утрово го посети селото Варибоби, 30 километри северозападно од Атина, каде е најголема штета има од шумските пожари.

Десетина куќи изгореа, а бројни објекти претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.

Повеќе од 500 пожарникари, со поддршка на хеликоптери и авиони, работат на гаснење на пожарот утрово, а густ чад стигна и до централните делови на Атина.

Температурите во Атина и другите делови на Грција во последните денови достигнаа 42 степени Целзиусови.

Огромен пожар се приближи до предградието на Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот