Грчките анархисти од германскиот амбасадор во Атина бараат отворени граници за бегалците

Од „Рувиконас” на нивниот сајт ги објаснија причините, за како што велат, „интервенцијата во резиденцијата на германскиот амбасадор”, коментираат дека „Германија ги третира бегалците како мобилен проблем, а земјите од ЕУ, меѓусебно си ја префрлаат топка на одговорност “.

Кусо по полноќ, членови на грчката анархистичка група „Рувиконас” фрлија летоци пред резиденцијата на амбасадорот на Германија во Атина, поради, како што самите соопштија, германскиот став во бегалското/ мигрантското прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Рувиконас” на нивниот сајт ги објаснија причините, за како што велат, „интервенцијата во резиденцијата на германскиот амбасадор”, коментираат дека „Германија ги третира бегалците како мобилен проблем, а земјите од ЕУ, меѓусебно си ја префрлаат топка на одговорност “.

-Вечерва спијте мирно европски домаќини. Чамецот потона, прифатниот центар изгоре, камионот го згмечи детенцето, а другите починаа од студот, коментираат од „Рувиконас” во соопштението и бараат „отворени граници за бегалците и мигрантите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот