Грчкиот шампион води преговори со Леванте за потписот на Барди?!

енис барди
Енис Барди би можел да игра за тимот на Олимпијакос/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Олимпијакос ја следи ситуацијата со македонскиот репрезентативец Енис Барди за кој и натаму се шпекулира дека можно е летово да го напушти Леванте.

Грчкиот шампион наводно е во преговори со шпанскиот клуб од Валенсија за потписот на 27-годишниот играч од средниот ред.

Барди е новото име меѓу желбите на Олимпијакос со цел да ја освежи средината, а Леванте нема намера да го пушти својот фудбалер за помалку од три милиони евра.

Нашиот репрезентативец играше во Шпанија во последните пет години, со одиграни 162 натпревари, запишувајќи 24 голови и 15 асистенции.

Лани не успеа со тимот да обезбеди опстанок во шпанската „Ла Лига“, па останува да се види дали следната сезона ќе го гледаме Барди во „Сегунда“ или ќе се одлучи за нов предизвик во професионалната кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот