Грчкиот Парламент ќе отвори порано од планираното за да се одржи вонредна седница за прислушувањата

Грција парламент/ Фото EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

По барањето доставено од лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, грчкиот Парламент ќе отвори порано од планираното, за да се одржи вонредна пленарна седница за случајот со прислушувањата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, како што соопштија од партијата, телефонски разговарал со претседателот на грчкиот Парламент, Костантинос Тасулас и го информирал дека доставил допис во кој бара прекин на летниот одмор на пратениците и „одредување вонредна расправа за прашањето за следењето на политичарите и новинарите од Националната служба за разузнавање што е во надлежност на премиерот”.

Владиниот портпарол Јанис Иконому соопшти дека, откако биле информирани од Тасулас за барањето на Ципрас, Владата се согласува да се забрза отворањето на Парламентот на 22 август и во текот на таа недела да се одреди термин за одржување на седница.

Парламентот, кој сега е затворен поради летните одмори, првично, планирано беше на 31 август, одново да започне со парламентарните процедури

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот