Грчкиот архиепископ преку писмо до украинскиот митрополит извести дека ГПЦ ја признава УПЦ

Фото: Миа

Официјално писмо во кое Грчката православна црква (ГПЦ) ја признава Украинската православна црква (УПЦ) испратил архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос до украинскиот митрополит Епифаниус, објавија грчките црковни медиуми.

Според истите информации, дописот бил испратен на 21 октомври 2019, а со тоа беше официјализирана одлуката на Светиот синод на ГПЦ од пред 20-тина дена, jави дописничката на МИА од Атина.

На 12 октомври 2019, архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос претседаваше на вонредниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) за украинското прашање, а во неговото обраќање, прогласувањето автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ) го карактеризираше како „особено корисно за Православната црква и драгоцено за зајакнување на односите меѓу црквите на Русија и Украина” и предложи ГПЦ да ја признае УПЦ.

Грчкиот портал за црковни вести „Ортодоксиа”, објави фотографии од писмото испратено од Јеронимос до Епифаниус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот