Грчката Влада незадоволна од позицијата на земјата во извештајот за слободата на медиумите на Репортери без граници

Грција парламент/ Фото EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара одговори.

Иконому, на Фејсбук го објави испратеното писмо, вели дека квалитетот на еден извештај се оценува и според методологијата на истражувањето и документацијата на заклучоците.

-Тврдењето дека во земји како Буркина Фасо, Чад, каде што патем владее армијата, но и окупираната територија, која невладината Репортер без граници ја нарекува „Северен Кипар”, иако меѓународно не е призната, има, според нивниот извештај, поголема слобода на медиумите од Грција, освен што нема никаква сериозност, поставува разумни прашања за методологијата и изворите на авторите, пишува Иконому.

Додава дека „индексот, кој нема солидна научна основа и соодветни коментари, ја искривува сликата за земјата” и затоа, преку писмо испратено вчера, бара во разумен рок да добијат целосен одговор на неколку прашања.

Портпаролот на грчката Влада од Репортери без граници бара „јасно и поткрепено уверување дека списокот на „експертите за слободата на медиумите” кои учествуваа во одговорот на прашалниците за Грција, не вклучува лица кои се под истрага на грчката правда”; ја бара „точната методологија што се применува, особено за мерливите и објективни показатели, за класификацијата на земјата и начинот на пресметување на бодовите”; ги бара критериумите што се користат за рангирање на земјите, како и податоците за Грција од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот