„ГРАДОВИТЕ НА ДОНБАС НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ“ Шефот на ДНР им се обрати на жителите – ги повикува да останат смирени

Жители на Доњецк се подготвуваат за евакуација, Фото: Profimedia

Шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин изјави дека воената операција наскоро ќе заврши и дека градовите на Донбас „наскоро ќе бидат ослободени“.

Тој им се обрати на жителите на ДНР во градовите кои се уште се под контрола на украинската армија дека ништо не им се заканува и ги повика да останат смирени.

Истовремено, претставникот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин, тврди дека украинските сили трпат загуби и побара да се отворат хуманитарни коридори за да им се пружи помош.

Тој исто така рече и дека украинската армија не го положила оружјето, дека има многу припадници на вооружените сили и дека ситуацијата е комплицирана.

Басурин додаде и дека единиците на националниот баталјон „Азов“ во моментов го блокираат градот Мариупол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот