Градоначалникот на Лондон: Трамп е расист, сексист и исламофоб, живеам бесплатно во неговата глава
По коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за градоначалникот на Лондон, изречени за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Сер Садик Кан не остана должен.
Препорачано
Откако Трамп рече дека Лондон е воден од „ужасен градоначалник“ и дека во главниот британски град „сакаат да работат по шеријатскиот закон“, Кан му одговори дека чувствува оти „живее во главата на Трамп и не плаќа кирија“, пренесе Би-би-си.
„Мислам дека претседателот Трамп се покажа како расист, сексист, мизогинист и исламофоб. Лондон е најголемиот град во светот, побезбеден од големите градови во САД. Со задоволство го поздравуваме рекордниот број американски граѓани кои се преселуваат тука“, рече Кан.
Претседателот на САД, за време на неговото неодамнешно враќање во Вашингтон од Велика Британија, го обвини и Кан за криминалот во Лондон, за кој рече дека е „на својот врв“, и додаде дека градоначалникот е „катастрофа“ за имиграцијата.
Лошиот однос меѓу двајцата, потсетуваат британските медиуми, датира од 2015 година, кога Трамп, за време на претседателската кампања во САД, повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД.


