Градоначалникот на Берово ја врати несоодветната донација од Агенцијата за управување со одземен имот

Фото: Фејсбук/Колаж: „Слободен печат“

Пакетите со несоодветна облека што Агенцијата за управување со одземен имот ги додели на учениците од „Дедо Иљо Малешевски“, се вратени,  a градоначалникот на Берово Звонко Пекевски се извини за ненамерната грешка.

Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата.

Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, рече Пекевски.

Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна за учениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот