Град Скопје домаќин на Европско првенство во одбојка

Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпишаа меморандум за соработкa за организација на натпревари во групата „Ц“ на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи) во Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, од 30 август до 6 септември Скопје е домаќин на група „Ц“ на Европското првенство во одбојка за мажи за 2023 година, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација.

Со овој меморандум се воспоставува соработка меѓу Град Скопје, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Одбојкарската федерација на Македонија, со цел ефикасна координација и техничко-логистичка поддршка за успешна заедничка организација на ова меѓународно спортско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот