ГОТОВ ПЛАНОТ ЗА СПАС НА ОХРИД: Мораториум на урбанистички планови и попис на дивоградби

Акцискиот план за заштита на Општина Охрид кој предвидува мерки за спроведување на препораките на УНЕСКО утре ќе бидат ставени пред охридските советници, јавува 24 Вести. Согласно планот прво треба да се донесе  Одлука за времен мораториум или прекин на донесување и спроведување урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, а потоа сугерира донесување на урбанистички планови за селата и крајбрежјето.

Планот предвидува детален попис на сите постоечки бесправно изградени објекти, оцена за нивното влијание врз културното наследство, па отстранување на сите кои се закана за доброто. Преку зајакнување на постоечките закони општината ќе превенира во делот на бесправните градби, па ќе започне и со интегрирано управување со отпадот, чистење на дивите депонии, затворање на најголемата на Буково и изградба на пречистителна станица.

Исполнувањето на препораките кои се во делот на  урбанизамот е со рок до крајот на 2019. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот