Гореле бали во Липково, оџак и бандера во Куманово

Првиот пожар избувнал на оџак во ресторан, по 18 часот. Пожарникарите го гаселе со едно возило.

Вчера во кумановско гореле помошен објект, оџак, бандера, информираа денеска од кумановската противпожарна единица. Првиот пожар избувнал на оџак во ресторан, по 18 часот. Пожарникарите го гаселе со едно возило.

Два и пол часа кумановските пожарникари гаселе пожар во помошен објект во село Липково каде гореле бали сено и слама.

– Втората интервенција е во село.Липково од 18:15 до 20:45часот на запалена племња (балирано сено,слама)  интервенираат со две пртивпожарни возила и тројца пожарникари, информираат од противпожарната единица.

По полноќ горела бандера на улицата „Миле Кипра”. Интервенцијата траела до 01: 25часот.

Кумановските пожарникари, информираше командирот, Дејан Илиевски активно се вклучени во дезинфекција на згради и други површини во Куманово, како дел од превенција за шиење на коронавирусот и една од препораките на општинскиот кризен штаб. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот