Големо признание за Митревски и Тодоровски: Ќе го судат дербито во ракометната Лига Европа

фото: EPA-EFE/Szymon Labinski

Покрај возбудувањата во ракометната Лига на шампионите, се следат и натпреварите од второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент, Лигата на Европа.

Во групата „А“ во следната фаза на едно коло до крајот се пласираа екипите на Рајн Некар Левен (10 бодови) и Нант (осум).

Моментно на третата позиција е Бенфика на Филип Талески со два бодови, а ниту еден Кристијанштад.

Последното шесто коло ќе се одигра на 5 декември, Кристијанштад ќе ја пречека Бенфика, а Нант е домаќин на Рајн Некар Левен.

Големо признание доби македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски која ќе дели правдата на дербито на колото меѓу Нант и Рајн Некар Левен (20.45 часот), гигантите од Франција и Германија се очекува да бидат едни од главните фаворити за титулата оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот