Големите хрватски добавувачи објавија 60 нови ценовници

Хрватско знаме / Фото: МИА

Големите хрватски добавувачи објавија дури 60 нови ценовници до трговците, што значи дека од 1 март, според сите сметки, во продавниците ќе има нов скок на цените.

„Некои производи ќе поскапат за 10 проценти, некои за повеќе од 10 проценти, но најсуштинските прехранбени производи не“, рече Мартин Евачиќ, претседател на ХУП-Удруга трговија.

Тој додава дека во целина не е точно дека кошничката со прехранбени производи ќе биде поскапа од три до четири отсто, пишува Индекс хр.

„Тешко е да се прецизира, зависи од производителите. Тоа е првенствено увозна стока, домашното производство не треба. Имаме најави за поскапувања во прехранбената и непрехранбената индустрија, но клиентите ќе имаат избор. Ќе се свртат кон брендови кои се поевтини. Очигледно ќе биде неизбежно“, вели тој.

Тој нагласи дека не треба да очекуваме враќање на старите цени како што беа пред неколку години.

„Тоа не е реално. Не е реално млекото да чини 0,50 евра. Или шеќерот да чини 0,40 евра. Тоа никогаш повеќе нема да се случи. Европа имаше огромни вишоци, кои ги пласираше таму каде што најде пазар, а тоа беше Хрватска, која има висок увоз. Сето тоа се префрли на нереално ниски цени. Велам, реалната цена на млекото е околу едно евро, можеби за некои марки поевтино. Но, таа цена ќе остане. Нема враќање на старите патишта“, заклучи тој.

Но, аналитичарите нагласуваат дека платите нема да го следат тој степен на раст, бидејќи ја губат битката во трката со инфлацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот