Големи проблеми за селекторот Ангеловски: Против Грузија без Пандев?

фото/фејсбук/ффм

Македонската фудбалска репрезентација на најважниот натпревар во историјата, против Грузија во четврток, можно е да игра без капитенот Горан Пандев.

Причината не е повреда на капитенот, туку одлуката на италијанските здравствени власти.

Италијанските медиуми јавуваат дека здравствените власти во Италија  нема да им дадат дозвола на странските фудбалери да ја напуштат државата за да играат за своите репрезентации.

Италијанските здравствени власти им забранија на фудбалерите на Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио, Рома и Сасуоло, да ги напуштат своите екипи и да отпатуваат во своите земји за да играаат за своите репрезентации во Лигата на нации.

Причината за оваа наредба е повторното ширење на коронавирусот во Италија и властите одлучија да не дозволат фудбалерите да ја напуштат државата доколку има најмалку по еден фудбалер заразен со коронавирус туку мора да останат 10 дена во карантин. Оваа одлука не се однесува само на странските фудбалери, туку за својата репрезентација нема да можат да играат ниту италијанските играчи.

Засега останатите македонски репрезентативци, Илија Несторовски (Удинезе)и Елиф Елмас (Наполи) немаат пречки да допатуваат во Скопје и да се појават на утрешниот собир.

Доколку не се промени нешто во наредните неколку дена и тоа по интервенција од УЕФА, македонската фудбалска репрезентација ќе биде драстично ослабена за историскиот натпревар против Грузија во четврток кој може да не однесе на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот