Големата тениска тројка ќе „уништи“ уште една генерација

EPA-EFE/JOE CASTRO

Мекинро и Бекер кои сега работат како тениски аналитичари, упатија сериозни критики кон младите тенисери кои се при врвот на АТП ранг листата, дека сè уште се далеку од квалитетот на Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

За доминацијата на Федерер, Надал и на Ѓоковиќ зборува податокот дека од 2004 година, па досега освоија дури 53 Гран слем титули од последните 60 турнири. Само Енди Мареј (3 Гран слем титули), Станислас Вавринка (3), Хуан Мартин дел Потро (1) и Марин Чилиќ (1) успеаја на моменти да ја прекинат апсолутната доминација на големата тениска тројка.

– Во последните 10 години ја видовме најсилната тениска тројка во историјата. Бидејќи веќе ја „закопаа“ сегашната генерација, постои ризик да ја уништат и идната. Можеме да се надеваме дека тие се идоли и репер за успех на младите играчи како што на мене идол ми беше Род Лејвер – изјави Мекинро.

Потешки зборови кон младите тенисери упати уште една легенда, Борис Бејер.
– Ова воопшто не е добро за тенисот. Тоа не е комплимент за тенисер кој е помлад од 28 години, и не сакам да се правдаат дека другите играчи се пресилни. Мислам дека треба да го доведеме во прашање квалитетот и работните навики на секој тенисер помлад од 28 години – рече Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот