Голема површина на букова шума и пасишта се уништени од шумскиот пожар на Шар Планина

Голема површина на букова шума и пасишта се уништени од шумскиот пожар кој што вчера избувна на шар планинското подрачје, по што штетите се големи. Локализирани се два краци од пожарот, но не е целосно.

Од националниот парк Шар Планина велат дека поради ветрот пожарот е проширен на повеќе страни.

„Пожарот е многу проширен на три страни неколко десетина хектари се опожарени. Има изгорени и шасишта, букова шума и заемјоделски ниви од село Вешала.“ – изјави Ибрахим Дехари директор на национален парк Шар Планина.

Центарот за управување со кризи, пак соопшти дека пожарот над село Вешала во Општина Тетово сè уште е активен и тоа на недостапен терен. Заради засилување на топлиот ветер и огнот, зафатена е букова шума.

Екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово се отидени на терен за гаснење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира.

„Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола, како и повеќе вода на располагање за тетовската пожарна“, наведуваат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот