Голема полициска акција во Германија: Уапсени десетици осомничени за перење пари

Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската полиција денеска изврши претрес на десетици објекти на западот и северот од земјата и уапси десет лица осомничени за перење пари и финансирање тероризам. Во акцијата, која се уште трае, според полициското соопштение, учествуваат повеќе од 1.000 полицајци, вклучително и припадници на специјалните единици.

Акцијата била спроведена по наредба на државното обвинителство во Диселдорф, која спроведува истрага против припадниците на т.н. мрежата „хавала“ преку која пренесувале пари од Западна Европа, претежно од Германија и Холандија, на сметки во Сирија и Турција, пренесува ВДР.

Ваквите плаќања се дозволени во Германија само преку контролирани банкарски мрежи, кои во т.н. мрежа хавала, не е случај. Трансферот на пари во главно потекнувал од криминалните активности како што е шверцот на дрога, а се купувале големи количини злато во Германија и се прошверцувале во Турција и Сирија, каде и се продавале.

Најголем дел од парите биле искористени за збогатување на поединци

Преносот на материјалот се вршел и преку купување камиони во западна Европа, кои потоа се продавале со профит во Турција и на Блискиот Исток. Како резултат на тоа, денешното пребарување се фокусирало и на неколку бродски компании на северот и западот на Германија.

Властите ја откриле мрежата случајно минатата година за време на сообраќајната контрола, при што пронашле непријавени 300.000 евра во багажникот на еден Сириец и еден Германец.

И двајцата биле обвинети за помагање на војниците на Исламска држава во Сирија, а подоцна и за членови на екстремистичката група Ал Нусра со перење пари. Но, повеќето од перените пари, според ВДР, биле искористени за приватно збогатување на поединци, а не за финансирање на терористички групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот