Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Голем скок во бројот на неважечки гласачки ливчиња за градоначалници

Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус.

Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња.

Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37 959 неважечки ливчиња за советнички листи.

На последните избори во неделата, бројот на неважечки ливчиња драстично се зголеми. На изборите за градоначалници се регистрирани 53.724 неважечки ливчиња, што е највисок број досега, додека кај советничките листи бројот достигна исто така рекордни 50.143.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот