Голем пожар во едно од седиштата на „Хуавеј“: Гори лабораторијата за истражување на 5Г антените (ВИДЕО)

Голем пожар се прошири во едно од седиштата на компанијата „Хуавеј“ во Кина и тоа во лабораторијата за истражување и развој во јужниот град Донгуан, каде се истражуваат 5Г и 4Г антените.

Минувачите ги споделуваа на социјалните мрежи снимките од густиот црн чад кој се ширеше од објектот. Според видеата, горниот дел од објектот е целосно во чад.

Причината за пожарот не е позната, но според локалните пожарникари најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот брзо се проширил.

Според првичните информации, никој не е повреден, а целата зграда е евакуирана. Голем број пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот