Одрон на автопат

Голем одрон на патот Скопје – Велес, Црна Река се излеа кај Бучин

Поради излевање на Црна Река кај Бучин во Крушевско, прекинат е сообраќајот на локалните патни правци: с.Бучин – Демир Хисар, с.Бучин – с.Обршани, с.Бучин – с.Трноци.

Голем одрон го отежнува сообраќајот на патот Скопје – Велес, а Црна Река се излеа кај селото Бучин поради што е прекинат сообраќајот на локалните патишта.

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Покрај тоа, од 18:05 часот, поради излевање на Црна Река кај село Бучин во Крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци: с.Бучин – Демир Хисар, с.Бучин – с.Обршани, с.Бучин – с.Трноци.

Поплавите не стивнуваат, најкритично е во Кичево

Од 18:15 часот е воведена и забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга–Ќафасан, со цел заштита на возачите и избегнување несреќи.

Дополнително, патниот правец Пробиштип – Леговец е затворен за сообраќај во двата правци од 18:30 часот поради сообраќајна незгода и вршење на увид.

Министерството за внатрешни работи презема сите мерки за отстранување на пречките и нормализирање на сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и поставената сигнализација, задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема и да возат внимателно, особено во критични и поплавени подрачја.

Високи се нивоата на Вардар, Радика и на Треска – ни се заканува опасност од поплави, свлечишта и од одрони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот