Ѓоковиќ во Монте Карло фаќа „залет“ за Ролан Гарос

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Мастерсот во Монте Карло не се одржа минатата година поради пандемијата на коронавирусот, а оваа година конкуренцијата ќе биде пеколна. Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е на списокот на регистрирани играчи за вториот мастерс сезонава, а заедно со Рафаел Надал тој ќе биде главниот фаворит за трофејот.

Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ двапати триумфираше во Кнежевството, првата титула ја освои во 2013 година, на втората чекаше две години, а исто така играше двапати во финалето, и во двата меча беше поразен од Надал кој пак беше најдобар во Монте Карло дури 11 пати.

Списокот на пријавени играчи покажува дека најдобро рангираните се желни да учествуваат на турнирите. Од најдобрите 50 во моментов на списокот ги нема само Рожер Федерер, кој неодамна се врати на терените, како и Милош Раониќ и Денис Шаповалов.

Титулата во Монте Карло ќе ја брани Италијанецот Фабио Фоњини. Во 2019 година, Италијанецот го победи Душан Лајовиќ во финалето (6:3, 6:4).

Овој Мастерс на српскиот ас Ѓоковиќ ќе му послужи како подготовка, но и на сите други тенисери, за грен слем турнирот Ролан Гарос. Вториот грен слем во сезоната ќе се одржи од 23 мај до 6 јули 2021 година, доколку нема промена.

Турнирот во Монте Карло ќе се игра од 11 до 18 април..

„Кралот“ на земјата не е подготвен ни за турнирот во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот