„Кралот“ на земјата не е подготвен ни за турнирот во Мајами

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал соопшти дека поради повреда го откажа учеството на АТП турнирот во Мајами, САД.

– Жал ми е што ќе ве известам дека нема да играм во Мајами, градот кој толку многу го сакам. Морам целосно да се опоравам и да се подготвам за сезоната на земја во Европа. Испраќам специјална порака до моите навивачи во Соединетите Американски Држави, особено оние кои зборуваат шпански и кои секогаш ме поддржувале – напиша Надал на Твитер.

Третиот тенисер во светот неодамна, од истата причина, ја одби поканата за учество на турнирот во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Последниот меч Шпанецот го одигра на „Австралија опен“, каде загуби во четвртфиналето од Стефанос Циципас.

Мастерсот во Мајами ќе се одржи во периодот од 24 март до 4 април 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот