Ѓоковиќ на „Ролан Гарос“ ќе атакува на 18 грен слем титула!

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

В недела ќе започне новиот грен слем турнир „Ролан Гарос“, а најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ својот прв меч ќе го има во вторник.

Прв ривал на Србинот ќе биде Микаел Имер од Шведска, ова ќе им биде прв нивни дуел, а Ноле со цел да ја оправда фаворитската улога.

67 место е најдобриот пласман на Имер и Ѓоковиќ преку него ќе тргне во поход кон 18 грен слем титулата во кариерата. На Отвореното првенство на Франција доаѓа во одлична форма, откако го освои Мастерс турнирот во Рим, Италија.

Оваа сезона има учинок од 31-1, со напомена дека единствениот пораз го доживеа кога беше дисквалификуван од „УС Опен“.

Да потсетиме, „Ролан Гарос“ трае до 11 октомври, а титулата ја брани Рафаел Надал, кој во минатогодишното финале беше подобар од Доминик Тим.

Кога сме кај грен слем титулите, Рожер Федерер има 20, пред Надал со 19, а Ѓоковиќ 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот