„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ до финалето ги избегна Тим и Надал!

фото: инстаграм

Денеска во Париз е објавен одличен распоред за најдобриот тенисер на светот, грен слем турнирот „Ролан Гарос“ започнува в недела на 27 септември.

Конкуренцијата ќе биде нешто посилна во однос на неодамна завршениот „УС Опен“, во францускиот главен град ќе учествува и вториот тениски рекет, Рафаел Надал од Шпанија.

Токму Рафа, „кралот на земјата“ во последните три години го освојуваше „Ролан Гарос“ и ќе биде еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ кој ги освои Синсинати и Рим.

Мечевите од првото коло на „Ролан Гарос“ се на програмата во текот на првите три дена од турнирот (недела, понеделник и вторник).

Ѓоковиќ во минатогодишното полуфинале беше поразен од Австриецот Доминик Тим со резултат 2:6, 6:3, 5:7, 7:5 и 5:7. Кандидати за највисок пласман се секако и Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев…

Ѓоковиќ на стартот ќе се соочи против шведскиот тенисер Микаел Имер (80 играч на светот), а во неговиот дел од програмската шема од фаворитите се наоѓаат Медведев, Димитров и Циципас, со кои Србинот може да се сретне дури во полуфиналето.

Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим! (ВИДЕО)

Потенцијалните противници на Ноле до четвртфиналето се Беранкис во второто коло, Хуркач или Сандгрен во третото и Хачанов во четвртото, а Карењо Буста, Баутиста Агут, Јан Ленард Штруф како евентуални ривали во четвртфиналето.

Во вториот дел од „костурот“ се Надал и Тим што значи дека пред финалето најдобриот светски тенисер не може да се сретне против нив.

Надал ќе ги одмери силите против Белорусинот Ефор Јерасимов, а Тим го чека Марин Чилиќ од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот