Ѓоковиќ може да го загуби првото место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ во Њујорк атакува на „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Српскиот ас и натаму е најдобар тенисер на светот, но во еден навистина многу екстремен случај би можел да ја загуби првата позиција на АТП-листата до „Ролан Гарос“, а наследник би бил Данил Медведев од Русија.

Што треба да се случи за Новак Ѓоковиќ да падне од врвот на светскиот тенис? Потребно е некој да го спречи да се пласира во финалето на Мастерсот во Рим.

Тоа е првиот услов и е лично поврзан со него, додека другите два се поврзани со Медведев, кој би сакал и би можел да се види себеси на прво место во следните две недели.

Доколку рускиот тенисер мисли дека може да го заземе врвот на АТП-листата, ќе мора да победи или на Мастерсот во Рим или на Мастерсот во Мадрид, и воедно се пласира минимум во полуфинале на еден од двата споменати турнири, а Ѓоковиќ не стигне до финалето во Рим.

Значи, една титула и едно полуфинале на следните два турнири, и елиминација на Србинот пред финалето во Рим, и Медведев ќе стане првиот играч надвор од големата четворка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Мареј) на врвот на светскиот тенис, од 26 јануари 2004 година, кога Енди Родик беше на тронот.

Не е нешто што Медведев не може да го направи, но Ѓоковиќ ќе биде подготвен за турнирот во главниот град на Италија, иако го откажа учеството во Шпанија, каде Медведев може да започне со првите чекори кон една голема цел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот