Ѓоковиќ ја започна 318 недела на врвот, Надал повторно на второто место

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна денеска 318 недела на врвот на АТП листата со 11,963 бодови.

После освојувањето на титулата во Барселона, шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на втората позиција и сега има 9,810 бодови.

На третата позиција падна Русинот Данил Медведев (9,700), што е единствената промена во Топ 10.

Австриецот Доминик Тим е четвртопласиран, следуваат Стефанос Циципас (Грција), Александар Зверев (Германија), Андреј Рубљов (Русија), Рожер Федерер (Швајцарија), а освојувачот на „Србија опен“, Матео Беретини од Италија остана на 10 место.

Во женска конкуренција води Ешли Барти од Австралија (9,655,) пред Јапонката Наоми Осака (7,800), третопласирана е романската тенисерка Симона Халеп (7,050), а првата десетка ја комплетираат Софија Кенин (САД), Бјанка Андрееску (Канада), Арина Сабаленка (Белорусија), Серена Вилијамс (САД), Каролина Плишкова (Чешка) и Кики Бертенс (Холандија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот