ВИДЕО: „Маратонот“ во Барселона со среќен крај за Надал!

Повредата посилна од Рафа Надал/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Кога петтиот рекет на светот го освои турнирот во Монте Карло, многумина помислија дека годинава ќе заврши доминацијата на „кралот на земјата“, но тоа не се случи.

Рафаел Надал по 12 пат во неговата кариера ја освои Барселона откако во денешното финале го совлада Стефанос Циципас после три часа и 40 минути игра со резултат 2:1 во сетови 6:4, 6:7 (6) и 7:5.

Според развојот на настаните и драмата, овој дуел потсети на синоќешниот полуфинален дуел во Белград помеѓу Ѓоковиќ и Карацев, но за разлика од најдобриот светски тенисер, Надал не дозволи изненадување.

Во првиот сет Циципас започна подобро, прв стигна до „брејк“ и поведе со 4:2, но потоа Надал освои четири последователни гема и го освои првиот сет.

Во вториот, Циципас повторно дојде до предност, овој пат поведе со 3:1, но Рафа возврати брзо и успеа да ја анулира таа разлика. Потоа, се влезе во „тај-брејк“, кој исто така беше драматичен, а Шпанецот го доби на разлика со 8:6.

Рамноправната борба продолжи во третиот сет, се играше без брејк на двете страну до 11 гем, кога „бикот од Мајорка“ направи клучен чекор кон триумфот, што го потврди на свој сервис во следниот гем, за конечни 7:5.

Да додадеме уште дека АТП турнирот во Белград го освои Италијанецот Беретини кој со 6:1, 3:6 и 7:6 (0) триумфираше против рускиот натпреварувач Карацев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот