Ѓоковиќ и Надал се помалку доминираат во тенисот

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Францускиот тенисер Жил Симон, често ги коментира случувањата во тенискиот свет, а овој пат го стори за „Лекип“.
Симон зборуваше за двајцата најдобри тенисери на денешницата, Рафаел Надал и Новак Ѓпоковиќ, и тоа по нивната пресметка во финалето на Мастерсот во Рим.
Тогаш славеше Надал во три сета и скоро три часа игра, а Симон смета дека најдобрите тенисери се помалку се доминантни на терените.
– Нивото на игра на Новак Ѓоковиќ и на Рафаел Нада е во пад. Тие помалку доминатни од пред неколку години и „патат“ против се повеќе тенисери. Речиси и да немаат мирни мечеви, но и понатаму се држат на врвот – вели Симон.

За тоа дека доминацијата на Ѓоковиќ и Надал не е толку голема доказ е Данил Медведец кој се искачи на второто место на АТП ранг листата.
Се поголем број на луѓе во тенисот сметаат дека времето на големата тројка истекува, Ѓоковиќ и Надал и понатаму победуваат на најголемите турнири, додека Рожер Федерер по операцијата на коленото е далеку од препознатливата форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот