Ѓоковиќ и Федерер четвртфиналисти во Шангај

twitter.com/betcoza

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на турнирот во Шангај, откако го совлада Американецот Џон Изнер во третото коло.

Србинот го освои првиот сет со 7:5, а во вториот беше поуспешен со 6:3. Мечот траеше еден час и 16 минути. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против грчкиот претставник Стефанос Циципас.

Како четвртфиналист се промовираше и ШВајцарецот Рожер Федерер кој како трет носител на турнирот со 2:0 (7:6, 6:4) беше подобар од Давид Гофан.

За пласман во полуфиналето Федерер ќе игра со победникот од мечот А. Зверев (Германија) и А. Рублев (Русија).

Мастерсот во Кина, „Ролекс Шангај” се игра за награден фонд од 7,4 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот