Ѓоковиќ го предводи бунтот против Американците и Мастерс Синсинати

Одлуката на челниците на Мастерсот Синсинати да ги дисквалификуваат Гвидо Пеља и Уго Делиен предизвика бура во тенискиот свет.

Пеља и Делиен нема да играат на првиот голем посткорона тениски турнир, Мастерс Синсинати бидејќи нивниот физиотерапевт Хуан Мануел Галван е позитивен на коронавирус.

Како што пренесува „Марка“, Галван не бил во соба со двајцата тенисери кои пак и на двете тестирања во Њујорк беа негативни на коронавирус.
Организаторот на Мастерс Синсинати но и на УС Опен кој ќе започне за 10 дена, Тениската федерација на САД (УСТА) објави дека до дисквалификација на тенисери може да дојде доколку ја делеле собата со заразената личност, а во овој случај тоа не се случило и поради тоа играчите размислуваат какви чекори да преземат.


„Марка“ пренесува дека првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, кој воедно е и прв човек на советот на тенисери, е во постојан контакт со колегите преку „групниот чет“ и разгораваат што да направаат. Сите тие се согласни дека одлуката на организаторот е погрешна и дека е спротивна на претходно донесените здравствени протоколи.

Шпанскиот весник исто така наведува дека Ѓоковиќ има поддршка од тенисерите од Јужна Америја, но и тие од САД, и шпекулира дека доколку не се промени одлуката можен е дури и бојкот на Мастерс Синсинати кои поради пандемијата ќе се игра во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот