Ѓоковиќ е убедливо најдобар во последните пет години!

Ѓоковиќ заедно со Поспишил ја формираа Асоцијацијата на тениски професионалци/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Новак Ѓоковиќ повеќе не прави добри одлуки како што тоа го правеше во минатото, вели британскиот тенисер Енди Мареј.

Српскиот ас уште една година ќе заврши како светски број еден, иако не блеска во последно време, а тоа се покажа на турнирите во Виена и Лондон.

Мареј одлично го познава Ноле чии одлуки на теренот станаа полоши, а постои и шанса дека нешто го мачи.

– Проблемите надвор од теренот секако се една од тие работи. Јас сум бил во таква ситуација многу пати во текот на мојата кариера и се случува поради проблемот да не си фокусиран на тенисот и да правиш грешки во клучните моменти.

Сега Новак прави неколку грешки во тие важни ситуации. Ѓоковиќ е убедливо најдобар во последните пет години. Тој ретко греши со ударите или на мрежа, не сме навикнати да зборуваме често за него кога прави грешки – вели Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот