Ѓоковиќ доби моќен сојузник во „војната“ со Кирјос

Легендата на тенисот  Џон Мекинро кој сега работи како стручен аналитичар за неколку ТВ куќи застана во одбрана на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој е цел на вербални напади на Ник Кирјос.

Кирјос во последните неколку месеци постојано наоѓа замерки на однесувањето на Ѓоковиќ но и на вториот светски рекет, Рафаел Надал.  На австралискиот тенисер не му се допаѓа начинот на прослава на победите на Новак, смета дека има болна опсесија да им се допадне на навивачите и не сака побара совет од него бидејќи постојано крши рекети. Кирјос за Надал вели дека е лош губитник.

Овој пат во расправијата се вклучи и еден од најдобрите тенисери во историјата Џон Мекинро кој беше познат и како најголем кавгаџија во своето време. Тој застана во одбрана на Ѓоковиќ.

– Знаете, има луѓе кои велат дека секакво појавување во медиумите е добро, дури и кога тоа во очите на сите изгледа многу лошо. Ќе земам еден пример, Кирјос кој го обвинува Ѓоковиќ. Момче, дали Новак не го заслужува респектот од публиката која тој ја почитува и и посветува големо внимание, кога има освоено 15 Гран слем титули. Па, тој може да прави што сака бидејќи е на третото место на тенисери со највеќе Гран слем титули – вели Мекинро.

Американецот кој во активната кариера исто така беше без влакна на јазикот, се сомнева дека Ник Кирјос во иднина ќе го смени однесувањето и до крајот на кариерата ќе биде лошото момче на тенисот.

– Изгледа  дека тој навистина не го загрижува тоа што мислат останатите тенисери за него. Тоа можеби му дава сила. Нормално, тој не мора да зборува лоши работи за Новак или Надал но тие негови изјави привлекуваат големо внимание во јавноста, а тој е во центарот на случувањата. Неговите натпревари предизвикуваат голем интерес кај јавноста и навивачите и затоа мислам дека Кирјос нема да се смени до крајот на кариерата – вели Мекинро, жж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот