Кирјос не го остава да дише Ѓоковиќ

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Не поминаа ниту 24 часа од изјавата на Новак Ѓоковиќ дека пред пет години му понудил помош на Ник Кирјос, дојде одговорот од австралискиот тенисер.

– Новак зборува дека ми понудил помош пред пет години, но зашто да одам кај него? Што има да ми каже и како мисли да ми помогне. Не сте ми јасни… Дали гледате како им вика на децата кои ги собираат топчињата и како ги крши рекетите? Дали го гледате тоа? Што може да ми помогне таков човек, не благодарам – изјави Кирјос.

Ник Кирјос на турнирот во Квинс, Англија уште еднаш покажа зашто е лошото момче на тенисот.
Тој во дуелот против младиот канадски тенисер Алиасим, влезе во вербален дуел со главниот судија. Прво се распраа за една спорна одлука која не беше по волја на Кирјос, а потоа почна да го навредува судијата„ Тоа беше аут, имаш само една работа. Исто така капата ти е смешна. Не е сончево времето и не знам зашто ја носиш“ му кажа тенисеот на главниот судија по што почна и сам да се навредува “Мрзилвко, направи нешто. Играше ФИФА на плејстејшн до три часот сабајле и што очекуваше“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот