Новак му ја затна устата на Кирјос

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос ја секоја можност да го нападне најдобриот светски тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ. Овој пат, Австралијанецот во емисијата „Тенис за деца“ одговараше на прашањата на младиот водител Вук.

На констатација на Кирјос дека Енди Мареј е еден од најдобрите тенисери во историјата, младиот водител му напомена дека не смее да го заборави Новак Ѓоковиќ, Австралијанецот се обиде да го омаловажи првиот тенисер на АТП ранг листата, „Кој? Не знам кој е тој Новак Ѓоковиќ!
Младиот новинар не се откажа и му одговори на Кирјос, „Српски тенисер“.
Тенисерот тогаш се „извади“ со зборовите: „А, да, мислам дека знам. Извини“.

Одговорот од Ѓоковиќ кој моментно се наоѓа на крајот одмор во Белград, дојде експресно.
– Што да ви кажам за Кирјос, мислам дека тој не е лошо момче. Не знам зашто вака зборува, можеби сака да привлече внимание. Очигледно е дека сака да биде искрен и транспарентен. Јас ги почитувам сите и немам проблеми со тоа. Имав можност да го запознаам Кирјос пред да започне со критиките на моја сметка, дури и му понудив помош пред пет години на УС Опен. Никогаш не ми се обрати приватно, туку секогаш преку социјалните мрежи и преку медиумите. Постојано се трудам да ги почитувам и респектирам сите во животот и со никого не сум имал проблеми. Не ги разбирам причините за нападите на Кирјос, но јас сепак го почитувам – изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот