Годинава нема да се игра финалето на Дејвис купот

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Финалниот турнир на Дејвис купот кој требаше да се одржи во Мадрид, официјално е откажан.

Според календарот, финалето на Дејвис купот требаше да се одржи од 23. до 29. ноември годинава во „Каха магика“ во Мадрид, но е презакажано за наредната година.

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ја потврди оваа одлука и објави дека наредното издание на финалето на Дејвис купот ќе се одржи од 22. до 28. ноември 2021 година.

– Ова е големо разочарување за нас. Не знаеме како ќе се одвива состојбата во секоја држава која ќе се квлаификуваше за завршниот турнир, како ни што не знаеме дали мерките ќе бидат олабавени во Шпанија. Поради тоа невозможно е да предвидиме што ќе се случува во ноември и притоа да можеме да им ја гарантираме безбедноста на сите тенисери – изјави Жерар Пике, фудбалерот на Барселона и претседател на Космос тенис кој е сопственик на Дејвис купот.

Исто така одложени се и квалификациите од светските групи 1 и 2 кои требаше да се играат во септември. Новиот термин е март или септември идната година.
Организаторот објави дека на завршниот турнир во 2021 година ќе учествуваат сите 18 репрезентации кои требаше да настапат годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот