Гоце Седлоски е новиот тренер на ФК Работнички

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

По разделбата со Милан Илиевски, денеска фудбалскиот клуб Работнички објави дека нов тренер на екипата е Гоце Седлоски.

Поранешниот македонски репрезентативец ќе ги води „романтичарите“ кои моментно се на шестото место во Првата фудбалска лига, а во изминатиот период беа елиминирани во четвртфиналето од Шкупи во Купот.

Две недели Работнички беше без тренер откако спогодбено се раздели со Илиевски по високиот пораз од 3:0 против Шкупи.

За Седлоски ова е враќање во македонскиот фудбал, претходно беше на клупата на Турново, Вардар и Шкупи, а во странство ги водеше и Рига (Летонија), Широки Бријег (БиХ), како и вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска).

А последниот ангажман го имаше во албанската Влазнија чија соработка траеше само три месеци.

Седлоски со Вардар двапати беше шампион на Македонија во 2016 и 2017 година, а во 2022 беше првак со Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот