Гоца Тржан со жестока реакција во емисија: Можам да те истепам, пази што правиш!

Фото: Instagram / gocatrzan

Познатата српска пејачка Гоца Тржан деновиве гостуваше во „Амиџи шоу“, а со својата реакција ги шокираше сите. Пејачката во текот на емисијата ја предупреди водителката Тијана Стоисављевиќ Милутиновиќ да внимава на нејзините зборови.

Имено, откако Весна Змијанац, која исто така беше гостинка, раскажа за нејзината здравствена состојба по операцијата на срцето, на ред дојдоа „Тешките прашања“ кои секогаш Тијана им ги поставува на гостите.

Водителката, која е и сопруга на фудбалерот Михаило Милутиновиќ, почнала да им поставува провокативни прашања на гостите, но ситуацијата неочекувано се променила кога на ред дошла Гоца.

„Тијана, само те гледам, те преколнувам! Внимавај што читаш сега. Ти си мое дете, можам да те истепам тука, пази што правиш! “, рекла Гоца.

Водителката кратко ѝ вратила „Немој, немој“. А, водителот Огњен Амиџиќ додал дека сето ова пејачката го направила „заради гледаност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот