Го запрела полиција, а тој дал гас: Тетовец со „БМВ“ удрил полициско возило, со другар му завршија во „Шутка“

Двајца тетовци вчера биле приведени за пронајдена марихуана, но и за тоа што не запреле на полицискиот знак и продолжиле да возат, удирајќи во полициско возило, соопшти полицијата.

Тие попладнево беа испратени во притвор, откако судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово го прифатил барањето на Обвинителството и им одредил задржување од 30 дена на двете момчиња, А.Ј. и С.К., на возраст од 27 и 23 години.

„Тие вчеравечер, околу 19 часот и 40 минути, биле уапсени на локалниот пат Тетово-Ѓермо, откако им била пронајдена и одземена марихуана. Пред да бидат уапсени, не запреле на знак даден од полициските службеници и со нивното возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, удриле и го оштетиле службеното возило на СВР Тетово“, информираат од тетовската полиција.

Двајцата осомничени се спроведени во затворот „Шутка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот