Го возела баба, ама само во прва и внимателно: Се запали „пунто“ во Бјеловар

Фото: Martina Čapo/mojportal.hr

Пожарната во хравтскиот град Бјеловар се запали откако го паркираше една старица која седнала зад воланот првпат по пет месеци.

-Се сеќавам дека ставив во прва брзина и тргнав. Бидејќи барав место за паркирање, возев полека, го паркирав автомобилот и отидоа во ценатрот. Мојата куќа е оддалечена само еден километар од Деметрова, каде што го оставив автомобилот. Кога се вратив за еден час, полицијата и пожарникарите беа на улица. Бев шокирана кога ги видов како стојат покрај мојот автомобил, што беше покриена со пена. Ми рекоа дека се запалил, изјави 77-годишна жена за „МојПортал “.

Жената иако го возела на кратка реалација „пунтото“ не сменила брзина и тој пламнал откако го паркирала.

Имено, жената живеела сама откако нејзиниот сопруг починал, а за да не бара постојано помош од некого, повремено го користела автомобилот за да стигне до центарот на градот или на гробиштата во близина на Гудовац.

“И покрај тоа што го положив возачкиот испит во 80-тите години, јас воопшто не возев. Но, по смртта на мојот сопруг, морав. Не сакам постојано да ја молам ќерка ми или внук да ме возат до продавница. Сакав да бидам независна. Возам многу бавно. и навистина сум внимателна, но што се случи тој петок, едноставно не се сеќавам. За мене е многу тешко “, рече 77-годишната старица, која веќе неколку месеци се грижи за нејзиниот неподвижен брат. Во тоа време не излегувала од куќата, а во петокот било нејзиното прво возење со автомобил по долго време.

Полицијата во Бјеловар ја утврди причината зошто во петокот околу 9:45 часот на паркинг на улицата „Димитрија Деметра“ во Бјеловар се запалил автомобил „фиат пунто“ сопственост на 77-годишна жена.

Имено, истрагата утврдила дека пожарот се случил затоа што сопственичката на автомобилот возела со прва брзина од нејзината куќа до споменатиот паркинг, што предизвикало прегревање на моторот.

„Откако го паркирала автомобилот и си заминала, дошло до самозапалување под хаубата, која изгорела целосно, а предното ветробранско стакло се скршило“, велат во полициското одделение Бјеловар-Билогора.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот