Го изигра Холивуд и истестира интернетот: Хали Бери со јасна изјава по гласините за нејзиниот таен брак

хали бери
Фото: Принтскрин / Instagram

55-годишната актерка го разниша интернет просторот на обожавателите кои во лудило избрзаа да го коментираат нејзиниот новогодишен пост тврдејќо дека актерката потајно го кажала судбоносното „да“. Но, само еден ден потоа ги разјасни сомнежите – да, официјално е, но не брак туку нешто друго.

Хали Бери само се забавува во целост! Откако многумина од фановите го здогледаа нејзиниот новогодишен пост и поверуваа дека таа и момчето Ван Хант се венчале за Нова година. сега таа го расчистува етерот со малку појасна објава.

„Само се забавувавме новогодишно!“, напиша таа на селфи објавата од двајцата заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

За време на новогодишната ноќ Бери објави фотографија од нејзината и силуетата на нејзиното момче Ван Хант, со напис кој пишуваше „Официјално е!“. И покрај втората (селфи) фотографија од двојката, на која воедно пишуваше „2022-ра е“, фановите сепак го поистоветија потписот со официјалнизирање на нивната врска наместо на завршетокот и дочекот на самата нова година.

„Луѓето очигледно не прегледуваат онолку колку што мислевме дека прават. Ви благодариме за убавите желби, навистина, навистина ни ги допре срцата! Сега е ОФИЦИЈАЛНО, интернетот повеќе не е непоразен“, додаде таа покрај бројни насмеани емотикони и хаштаговите „#nomoreswipes4me“ и „#Januaryfoolsday“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Со новата објава Хали разјасни дека двојката мислела на новата година наместо на некоја нова вест околу нивниот статус на врската, но сепак, зборови кои велат „Официјално е!“ секако ја размрдуваат јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот